Популарната актерка Џансу Дере исчезна по силниот земјотрес што ја погоди Турција.
Според турските медиуми, Џансу Дере наводно е под урнатини бидејќи со денови нема ни трага ни глас од неа, а пошироката јавност и локалните медиуми дополнително ја загрижи тоа што дури ни семејството на популарната актерка се уште не прозборело за наводите за нејзиното исчезнување.
Џансу Дере стана позната по прикажувањето на голем број значајни улоги во популарните продукции, а се здоби со светска популарност откако овие серии беа емитувани надвор од границите на Турција.
Џансу беше позната по серијата „Сила“ каде го толкуваше главниот лик. Потоа ја играше улогата на Фируза во „Сулејман Величествениот“, меѓутоа најголема популарност и донесе серијата „Езел“ каде го толкуваше ликот на Ејшан Атај.
Сепак, нејзините фанови и дел од турските медиуми ја демантираат информацијата дека Џансу е повредена и наведуваат дека таа е жива и моментално им помага на загрозените.