Калвин Вејман (34) израснал во необично опкружување – со четири мајки, еден татко и дури 44 браќа и сестри под ист покрив.
-Имам 44 браќа и сестри и мислев дека е сосема нормално до пред неколку години кога луѓето постојано покажуваа љубопитност за мојот приватен живот – вели тој и додава дека е роден во „фундаменталистички мормонски култ“ во кој постои верување дека мажите со повеќе жени добиваат повисок ранг на рајот.
Остварувањето на сонот да станам претприемач ми ги прошири хоризонтите бидејќи можев да гледам на мојот живот од друга перспектива. Сепак, прво морав да се „репрограмирам“ и да излезам од култниот начин на размислување. Рака на срце, најдобриот дел од мојот живот и растењето беше да имам 44 браќа и сестри. Но, имаше одредени клучни точки во мојот живот каде религијата стана многу штетна за мојот развој – се сеќава тој.
Тој вели дека пораснал мислејќи дека да има пет родители и „безброј“ браќа и сестри било сосема нормално. Тој е шесто од 12-те деца на неговата биолошка мајка Кристин. Откако го преиспитал својот животен стил во неговите дваесетти, во триесеттите се оддалечил на околу 500 милји од семејната фарма и започнал самостоен живот во Јужна Калифорнија.
Тој вели дека целото семејство не го поддржувало во одлуката да живее поинаку. Сонувал да биде претприемач и го убедувале да остане и да работи за некој од 9 до 5.
- Кога имаш 50 луѓе во семејството, има многу различни реакции. Најтажната личност поради мојата одлука беше татко ми, мислам дека тој лично го сфати моето заминување. Тој искрено сакаше да разбере зошто го правам тоа, а потоа се обиде да ме одврати од тоа. Ми даде неколку различни книги и ми рече: „Те молам прочитај ги пред да донесеш конечна одлука“. Реков: „Ќе ги прочитам, но веќе одлучив“, продолжи Калвин.
Тој вели дека слушнал секакви навреди од другите членови на таа заедница. - Што се однесува до нивното гледиште, јас сум некој кој е вовлечен во вителот на славата и парите во светот – рече тој и додаде дека култот го напуштил пред четири години, а неговиот пример го следела и неговата биолошка мајка Кристин.
Денес, Калвин живее во Њујорк и е задоволен од животот.
Извор: sd.rs