Како што пренесува турскиот Си-Ен-Ен, една жена била спасена од урнатините на Антакија каде поминала 176 часа.
Фотографиите на кои нејзиниот син се радува што мајка му е жива станаа вирални. Откако ги видел спасувачите како ја изнесуваат, не можел да ги задржи солзите додека викал по мајка си.
Солзи радосници можеа да се забележат и на лицата на членовите на спасувачката екипа, јавуваат турските медиуми.
Осум дена по разорниот земјотрес, има се помалку шанси да се најдат преживеани под урнатините, така што спасувачките операции како оваа се многу шокантни. Сепак, спасувачите не се откажуваат, а потрагата продолжува.
Координативниот центар во Турција почна да ги ослободува екипите кои меѓу првите пристигнаа во Турција бидејќи веќе нема потреба од ваков тип на пребарување.
Нивните проценки се дека понатамошното спасување на преживеаните може да се смета за чудо, па изјавија дека локалните власти со тешка механизација ќе го преземат теренот и ќе почнат да го расчистуваат.
Извор: euronews.rs