Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката. Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен.
За време на Ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.
Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова е го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна.