Спасувачите секојдневно извлекуваат преживеани по разорните земјотреси во Турција и Сирија и покрај тоа што помина цела недела.
А не е само една тажна приказна, секојдневно се соочуваме со трагедии. Секаде каде што гледате по земјотресот, ја гледате маката на милиони деца чии животи се уништени.
Една таква претажна приказна пренесува српскиот портал Ало, за бебе кое издржало под рушевините, а ја раскажал лекарот.
Новороденче под урнатините лежело покрај неговата мртва мајка. Лекарот Бурак Озарлин рекол дека дошле во Антакија со 6 амбулантни возила и дека некои од нив служеле во импровизирани болници, додека други постојано биле на урнатините.
„Од урнатините спасивме и извлеквме повеќе од 60 повредени луѓе. Дури е добро, никој не почина по пат додека ги превезувавме. Многу тешки пациенти со хеликоптер беа превезувани до најблиските болници, а полесни пациенти со амбулантни возила во болниците. Се уморивме, всушност. Но, кога ќе ја видите возбудата во очите на човек кој излегува од урнатините, ништо не може да го замени тоа“, изјавил докторот.
Озарслан, пак, е еден од болничарите кој одмарал во амбулантното возило, а потоа по пријава истрчал кон урнатините, рекол дека не може да го заборави бебето кое било пронајдено под урнатините по 107 часа во Антакија.
Тој изјавил дека во моментот кога го видел бебето како му го цица прстот, кога го погалил, заборавил на сиот умор.