Два млади изгубени животи е епилогото поради на време не пријавено семејно насилство.
Невена П.(20) ја застрелал сопругот, полицаецот Ѓорѓе П.(29) од Србија, бидејќи сакала да го остави, а потоа се самоубил.
Мајката на Невена, Ивана Бекиќ во интервју за Нова.рс истакнува дека жали што ја испочитувала желбата на својата ќерка и не го пријавила Ѓорѓе за насилство порано, односно на 20 јануари, кога тој првпат го вперил оружјето врз нејзината сакана.
Страшна трагедија се случила во белградското предградие Гроцка во петокот вечерта. Полицаецот Ѓорѓе П. со пиштол ја убил сопругата Невена, а потоа се самоубил. Два млади животи згаснаа, а сето тоа поради патолошката љубомора на полицаецот кој не издржал да ја види Невена како го напушта. Несреќното девојче ќе биде погребано во вторник на 14 февруари на гробиштата во Гроцка каде што живееле.
Министерството за внатрешни работи даде официјално соопштение дека досега немало пријави за семејно насилство. За жал имало насилство, но точно е дека не е поднесена пријава, што за Нова.рс го потврдила и мајката на Невена.
-Таа долго време има проблеми со него. Тој на 20 јануари го вперил пиштолот во Невена, но татко и успеал да го разоружа. Невена не сакаше да го пријави, не сакаше да му прави проблеми, не сакаше да остане без работа. Ја испочитував нејзината желба и сега се каам“, изјавила за Нова.рс мајката на девојчето.
Целата населба Грочка ја потресла оваа трагедија, имало бројни изрази на сочувство, но оние кои можеби први требало да изразат тага, жалење и да понудат помош, досега не се огласиле.
„Од тие луѓе нема изјави за сочувство, изрази на тага или нешто. Ни полицијата, ни семејството на Ѓорѓе. Како да не се луѓе“, се налутила Ивана.
Зад оваа трагедија останаа многу прашања, како таков човек може да работи во МВР и да носи оружје, но и предупредување дека сите случаи на семејно насилство треба да се пријават и системот и институциите да ги поттикнат жртвите да го направат тоа.
Како што открила мајката на Невена, на кобниот ден Невена дошла да ги земе работите што не ги презела на првата тура, бидејќи пред околу две недели се иселила од нивниот заеднички дом, не сакала повеќе да биде во брак со Ѓорѓе.
Невена отишла по негово убедување, да дојде да ги собере работите и да се поздрават, да не ги вртеле главите еден од друг“, објаснува мајката на Невена за порталот Нова.рс.
Но, тоа всушност било замка за несреќната девојка.
Злосторството се случило во станот во кој се вселиле пред неколку месеци, а се венчале на почетокот на минатата година.