Утре во Македонија е прогласен за Ден на жалост за загинатите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
Ова на својот Фејсбук профил го соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
-Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија. Граѓаните на Северна Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства.
Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ, напиша Ковачевски.