-Се омажив од голема љубов, но љубовта е расиплива роба, лесно исчезнува – изјави еднаш Сузана Манчиќ за својот прв сопруг Небојша Куниќ.
Подоцна открила дека сопругот ја омаловажувал велејќи дека не е повеќе ниту убава ниту млада, иако штотуку влегла во четириесеттите години и дека никој освен него немало да се ожени со неа.
Таа се разведе од музичарот по осум години брак.
https://www.instagram.com/p/B-M0T2zB36y
-Секако, имаше денови на преиспитување дали ја донесов вистинската одлука. Но, се обидов никогаш да не зборувам против нивниот татко пред децата. Јас сум силна, стабилна и вредна жена. Сè во животот заработив сама, па по разводот ги презедов сите обврски. И не ми беше тешко, и не се покајав. Се трудев да бидам строга мајка, но не успевав секој пат. Затоа што во исто време треба да ги научите децата на ред, добро однесување, а од друга страна треба да им давате љубов и нежност. Мене ми пречи што денес многу се зборува за правата на децата, а нивните обврски се заборавени – искрена е водителката, која со Небојша ги има двете ќерки Теодора и Наталија.
Сузана вторпат стапна на лудиот камен во 2018 година со долгогодишниот партнер Симеон Окомокос, пишува Информер.рс