Русокосиот актер, Џејсон Луис се прослави во култната серија „Сексот и градот“, а повеќето обожавателки го паметат токму како згодниот манекен Смит Џерод, кој успеа да ѝ го освои срцето на една од „пртагонистките“, Саманта Џонс.
Од сцените со Џејсон во серијата која на многумина им е омилена, поминаа повеќе од 20 години, а тој денес е 51-годишник, но титулата „секс симбол“ и понатаму му прилега. Денес има значително пократка коса и малку брчки на лицето, но неодоливата насмевка и сините очи се’ уште му се заштитен знак. На профилт на Инстаграм го следат повеќе од сто илјади луѓе со кои споделува моменти од приватниот, но и од деловниот живот и редовно добива коментари на сметка на изгледот.
Улогата на сексапилниот Смит му ја обележа кариерата и му донесе светска слава, а по снимањето на „Сексот и градот“ тој се посвети на снимање филмови и телевизиски емисии меѓу кои “Midnight” и “Texas”, а покрај тоа тој беше продуцент и на свој филм. Џејсон ретко дава интервјуа, но во едно од нив тој се присети на снимањето на една од секс сцените со Ким Катрал која ја глумеше Саманта и откри интересни детали.
„Тука имаше многу снимања на истата сцена, тоа беше добра лекција. Присуствуваа многу луѓе и кога имате толку луѓе зад сцена кои стојат на различни места, тие имаат различен агол на гледање. Мораа да ме снимаат од секој од нив. Еден од камерманите мораше се да истрпи“, признал актерот.
Покрај тоа, тој открил зошто според него, серијата и денес е хит.
„Мислам дека тоа е така затоа што почнува со зборот секс. Секое добро напишано дело зборува за она што сите го имаме преживеано, а тоа е успешно направено. При тоа, серијата беше смешна, забавна и сензационална. Но сепак во секоја епизода имаше нешто емтивно“, заклучи Џејсон. Баш како и на малите екрани, тој успеа да изгради кариера на успешен модел и манекен и сега редовно се појавува на модните ревии на најпознатите светски дизајнери. Џејсон е познат и како голем вљубеник во природата, тој е гласен и во борбата за заштита на природата, а во тоа може да се увериме и според објавите на неговиот профил на Инстаграм.