Пензионерскиот живот може да биде возбудлив и неверојатен. Барем така порачува Вечестер Ли, жена која пред 15 години го продала целиот свој имот и на 86-годишна возраст закупила кабина во најлуксузниот крузер. Од тогаш, таа патува низ целиот свет.
Во текот на овие години објавила и автобиографска книга за своето неверјатно искуство. Вечерстер Ли, или како што светските медиуми ја нарекуваат „Мама Ли“ го загубила сопругот во 1997-та година, а кога останала сама, одлучила да го исполни ветувањето ке на својот сопруг му го дала додека тој бил на смртна постела: „Ништо нема да ја спречи да крстари низ светот“..
Ли го направила тоа. Го продала целиот имот и одлучила да се пресели на луксузен крузер, патувајќи без прекин. На тој начин посетила многу земји ширум светот. Меѓутоа, Мама Ли не е сама на тоа патување. Неа ја следат голем број луѓе кои се грижат за неа деноноќно. Цената на овој неверојатен пакет (патување + кабина + лична нега) изнерува неверојатно 160.000 долари годишно.
И покрај тоа, Ли вели дека приказната за парите не е важна, со оглед на тоа каков квалитет на живот таа има. Сега Мама Ли е како „маскота“ на овој крузер. Таа го дочекува секој нов патник, секоја вечер танцува со патниците, а сето тоа во спомен на нејзиниот сопруг кој починал од рак, а со кој биле на крстарење дури 89 пати. Трошоците за живот се сѐ повисоки, но вреди секоја сума која ќе ја потрошите на чувството да го живеете животот со полни гради. Токму тоа Ли го напиша и во својата книга која стана бестселер:
„Можеби сум бездомничка, но треба да ја видите мојата јахта“.
Познато е дека кога го пишувала овој текст, на крузерот имало уште три жени пензионерки кои одлучиле деновите да ги поминуваат исто како Ли.
Таа со своето семејство комуницира преку социјалните мрежи, а досега била на преку 200 крстарења и ги видела оние места за кои повеќето луѓе никогаш не ни слушнале дека постојат.
Извор: stil.kurir.rs