Сириското бебе чија мајка починала по породувањето под урнатините по земјотресот е посвоено од нејзиниот роднина Салах ал Бадран.
Името на девојчето е Аја, што има неколку значења на арапски, вклучувајќи „чудо“ и „дар од Бога“.
За жал, уништена е и куќата на нејзиниот роднина во градот Џендерис во северозападна Сирија. Тој и неговото единаесетчлено семејство успеале да побегнат, но сега живеат во шатор, пишува АП.
-Ситуацијата е катастрофална. Толку многу луѓе се под урнатините. Сè уште има оние кои не се извлечени – изјави еден новинар за Би-Би-Си.
Спасувачите во Јендерис ја пронашле Аја во понеделникот попладне, повеќе од десет часа по земјотресот, додека копале низ урнатините на петкатницата во која живееле нејзините родители.
Закопано под бетонот, бебето се уште било поврзано со папочната врвца со мајката Афра Абу Хадија, која била мртва заедно со сопругот и четирите деца. Бебето итно било пренесено во болница во блискиот град Африн.
Абу Хадија веројатно родила девојче, а потоа починала неколку часа пред да бидат пронајдени, изјави доктор Хани Маруф во болницата Џихан во Африн.
„Ја нарековме Аја, за да престанеме да ја нарекуваме новороденче“, рече Маруф.
Нејзината состојба од ден на ден се подобрува и нема оштетувања на карлицата, како што првично мислевме, додал докторот.
Илјадници луѓе сакаа да ја посвојат Аја.
Малата Аја сега е во болница и е во стабилна состојба, јавува Би-Би-Си.
-Кога пристигна во понеделникот беше во лоша состојба, имаше модринки, ниска температура и тешко дишеше – изјавил Хани Маруф, педијатар кој се грижи за неа во болницата во Африн, каде ја донел далечен роднина.
Директорот на болницата Калид Атијах вели дека добил десетици повици од луѓе ширум светот кои сакале да ја посвојат Аја. Сепак, Атија, која има четиримесечна ќерка, вели дека сè уште нема да дозволи некој да ја посвои.
-Се додека не се појави нејзиното пошироко семејство, јас ја гледам и ќе ја гледам како свое дете – рекол докторот.
Во моментов, неговата сопруга го дои бебето Аја заедно со нивната ќерка.
Во родниот град на Аја, Џиндаџирис, луѓето се уште трагаат под урнатините по своите најблиски.
Извор: Телеграф/Блиц, Би-Би-Си
.