Претседателот на Украина Володимир Зеленски доби силни овации пред своето обраќање во Европскиот парламент, кое го почна со зборовите: „Слава Украина“! или „Слава на Украина!“.
Повикот одекнуваше, по што тој им се заблагодари на лидерите собрани за нивната „принципиелна и енергична“ поддршка од почетокот на војната и го пофали она што „модерна Европа, мирна Европа, му го дава на светот“.
„Европскиот начин на живот, европскиот стандард на живот, европските правила на живот…, владеењето на правото“, рече Зеленски.
Зеленски го искористи својот говор за да каже дека Русија не само што ги напаѓа Украинците, туку и европскиот начин на живот.
„Сите ние уживаме во оваа заедничка европска историја“, вели тој, додавајќи дека Путин се обидува да ги „уништи“ европските вредности преку „тотална војна“.
„Ние нема да го дозволиме тоа“, вели тој, додавајќи дека Путин е „диктатор“ што користи советско оружје и од „диктаторски режими“ за да ја постигне својата цел.
Тој повика на поддршка од Европа на бојното поле.
Зеленски им се заблагодари на сите европски лидери кои и помагаат на Украина да го „одбрани европскиот начин на живот“.
„Украина ќе биде членка на Европската унија, на Европската унија која победува“, вели тој.
Украина и ЕУ ја направија својата сила „очигледна“ со нивниот „принципиелен и енергичен пристап – сите сме еднакви“.
По неговиот говор, на Зеленски му беше врачено знамето на Европската унија.
Набргу по руската инвазија, Украина поднесе барање за членство во блокот, а во јуни и официјално и беше доделен кандидатски статус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Брисел, додека е во обиколка на европските метрополи, со цел да побара повеќе оружје за Украина да може да се спротистави на руската инвазија.