Италијанскиот пејач Рикардо Фабрикони, попознат како Бланко, направи скандал на неговиот настап на фестивалот „Санремо“, па беше испратен со свирежи од целиот театар Аристон.
Италијанските медиуми пишуваат дека Блано бил револтиран од технички проблем, па место за се тркала по цвеќето, тој почнал да ја руши сцената специјално направена за неговата изведба.
На видеата што се споделуваат по овој агресивен настап на Бланко, додека ја пее неговата песна L’isola delle rose, се гледа декја никој не очекувал ваков гест од него.
Бланко денеска се извини на Инстаграм, но тоа не беше доволно за негвите следбеници, кои не го прифатија неговото извинување и му порачаа дека е пример за човечка глупост.
Бланко е познат и по тоа што ја претставуваше Италија на Евроснг во 2022 година.