Борбата по преживеани во Турција и Сирија по разорните земјотреси, кои однесоа близу 16.000 животи, а на десетици илјади луѓе беа повредени се уште трае.
Но, бројот на загинати расте, а екстремните временски услови ја отежнуваат потрагата.
Еј-Би-Си Њуз објави видео кое го покажа големото воодушевување на бројните присутни кои со нетрпение го следеа извлекувањето на целото семејство од урнатините во Сирија.
За среќа, таа мисија помина добро, а кога се појавија, громогласен аплауз и извици на среќа одекнаа низ уништената провинција Идлиб.
Од урнатините се извлечени мајка и татко, две девојчиња и едно момче. Едно од девојчињата има четири години и се вика Бејз и е добро и е во стабилна здравствена состојба по се што поминала.
Ова е ретка ситуација кога целото семејство е извлечено од урнатините и преживува бидејќи за жал има голем број на оние кои ги загубија своите најблиски во разорните земјотреси што во понеделникот опустошија делови од Турција и Сирија.