Веста и фотографијата со бебето што се роди во урнатините на земјотресот во Сирија го обиколи светот и ги покрена емоциите на сите. Новороденчето остана без мајка, а како што објавија светските медиуми, мајката на девојчето починала на породувањето. Бебето и е единствениот преживеан член од семејството.
По објавувањето на веста за раѓањето на бебето под урнатините, млада брачна двојка од Сараево, БиХ, се обратила до редакцијата на „Аваз“ и побарала да се рашири нивното барање да го посвои бебето што сега е во инкубатор.
– Помогнете ни да дојдеме до ова дете и да му дадеме бескрајна љубов и утеха. Да се објави веста за да се знае дека во Сараево има двајца млади луѓе кои моментално немаат свои деца и кои би сакале да го посвојат ова бебе и да и ја дадат сета можна љубов на светот , изјавила младата жена за „Аваз“.
Да потсетиме, во Сирија како последица од разорниот земјотрес загинаа најмалку 1.800 луѓе.
Во Турција досега загинаа повеќе од 4.500 луѓе. Голем број згради и други станбени објекти беа збришани од лицето на земјата.