Сликата која го обиколи светот е создадена под куп урнатини, а на неа се гледа девојченце кое 17 часа билo заробенo со својот брат во Сирија.
Сликата прв ја сподели претставникот на ОН Мохамад Сафа кој напиша:
Седумгодишно девојче 17 часа ја држеше раката на главата на својот помал брат за да го заштити под урнатините-. Сега се безбедни! – тој напиша.
Корисниците на социјалните мрежи, исто така, ги споделуваат нејзините наводни први зборови откако ги видела своите спасувачи.
-Чичко, спаси нѐ, цел живот ќе ти бидеме робови – наводно рекла девојката.
Исто така, многумина ја коментираа нејзината насмевка за време на спасувањето.
Претставниците на УНИЦЕФ предупредуваат дека бројот на деца жртви на разорните земјотреси може да надмине 1.000.
Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата се уништени од 12-годишна војна, побавно пристигнуваат вестите за бројот на загинати.