Во Вишото јавно обвинителство во Панчево вчера биле сослушани татко и син од село крај Панчево, Србија кои се обвинети за силување на девојче.
Обвинителството по рочиштето побарало на двајцата осомничени да им се определи притвор до 30 дена за да не влијаат врз сведоците додека се на слобода, што било прифатено од судот, информира српскиот портал Новости.
Според неофицијални информации од истрагата таткото и синот се осомничени дека на 2 и 3 февруари со сила и закани принудиле девојка на обљуба.
Неколку дена пред инцидентот, таткото и синот дошле заедно да ја запростат девојката за снаа, односно сопругата. Девојчето, како што неофицијално дознаваат, не сакало да се мажи, но тие на родителите на идната невеста им дале аванс за неа.
Наводно, пред околу една недела идниот свекор дал аванс од 600 евра за невестата – според нашиот извор од истрагата.
– Се фалеше како продал коњ, свиња и три прасиња за да заработи за снаата. И рече дека ќе се покажел дополнително за свадбата…
Иако се бунела и не сакала да се омажи, девојчето била насилно одведена од куќата на нејзините родители во куќата на младоженецот.
Таму настанал пеколот. По вербалните навреди и физичко малтретирање, идниот свекор и младоженец ја принудиле на сексуални односи, на што таа не сакала и максимално се спротивставувала. Но синот и таткото биле посилни и ја искористиле слабоста на несреќната девојка. Сепак, таа некако успеала да им побегне и да се врати дома кај родителите. После тоа ги пријавила таткото и синот за силување.
Како што дознаваат исчезнувањето на девојката во полиција го пријавила нејзината баба. Таа во таа прилика во полиција изјавила дека нејзината внука заминала од дома претходниот ден и дека слушнала дека двајца мажи против нејзина волја ја однеле од селото.