На светскиот избор за најубава студентка, World Miss University, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска (22) од Скопје, освои титулата.
Беше прогласена за Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет.
Победничка, односно World Miss University е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд.
Нашата Тијана е членка на Модното студио „Црнокрак“, кое од оваа година ја поседува лиценцата за сите држави од бивша Југославија за овој голем светски избор за убавина, кој се одржа по 31 пат.