Основачки акт, како основен документ за регистрација на здружение на граѓани „Шемето“ од Гостивар се споделува деновиве по медиумите и социјалните мрежи.
Новата иницијатива го носи истото име со веќе регистрираното здружение на граѓани во Лабуништа, Струга, кое легално постои 16 март 2022 година.
На својата интернет страна, здружението се претставува како здружение од Прилеп, Струга и Гостивар, а ги опфаќа, како што пишува и Албанците со бугарски идентитет.
Претставници на ова здружение на 4 февруари биле на гробот на Гоце Делчев, за што на својата фејсбук страна споделуваат фотографија. Тоа е меѓу последните објави, каде се наоѓаа и таа од 22 декември, со која соопштуваат дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов бил во посета на домот на ко-претседателот на здружението, Бекир Кадриески, со кого разговарал за, како што пишува, „животот на Македонците со бугарска самосвест“.
Следната објава го регистрира присуството на двајцата ко-претседатели Кадриески и Живко Чакракчиев на средбата на бугарските здруженијата од Македонија во Народното Собрание во Бугарија.
15 ентитети впишани во Централниот регистар на РСМ
„Шемето“ е едно од најмладите здруженија, формирано од македонски државјани со бугарска самосвест. Името го добило по едно од маалата во село Влахи, од каде потекнува револуционерот Јане Сандански.
Во Централниот регистар на РСМ на листата на граѓански организации се регистрирани две фондации и 13 здруженија на граѓани со шифра – останати општествени организации, фондации и здруженија на граѓани. Од овие 13 здруженија седум се неактивни, вклучувајќи го и Здружението на граѓани за зачувување на идентитетот на Бугарите во Р. Македонија – РАДКО од Охрид.
Меѓу последно регистрираните, е Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари ЦАР БОРИС III Охрид, со регистрација од 17.11.2021 година.
Од списокот што го споделуваме, може да се забележи дека ваквите здруженија кои во името имаат „Бугарија“, „бугарско“ биле регистрирани во периодот меѓу 2002 до 2009 година, кога биле формирани четири здруженија. Потоа се формирани три нови, но по долгиот процес на регистрација на „Радко“, во 2020 година почнува нова серија на регистрирани здруженија, кога се формираат „Цар Борис III“ (2021) и „Шемето“ (2022).
Струмица, Охрид, Битола, Скопје, Куманово, Кавадарци – седишта на бугарските здруженија
Две здруженија се формирани во Струмица – Здружение на Бугари од Македонија ИСТОРИСКО ЧИТАЛИШТЕ Струмица, формирано во 2015 година и Здружение БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Струмица, формирано 2013 година, кое е неактивно.
По едно здружение има во Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци, две во Охрид, едно во Лабуништа, додека останатите се регистрирани во Скопје.
Има и две фондации: Фондација ИНФОРМАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Софија, Бугарија – Подружница во Република Северна Македонија, формирана на 10.02.2020, во Аеродром, Скопје и Фондација РОМСКА ИДНИНА од Р. Бугарија – подружница во Р. Македонија формирана ан 23.06.2016 во Велес, која е неактивен субјект.
Здружение на БУГАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје, АЕРОДРОМ 11.02.2002 |
Здружение на граѓани Друштвото за пријателство Македонија-Бугарија Кавадарци 13.04.2007 неактивен |
Здружение Бугарски Културен Клуб Скопје 22.05.2008 – културно здружение, Центар |
Здружение за промоција на културните и научните вредности на граѓаните на Република Северна Македонија и граѓаните на Република Бугарија Македонско-Бугарско пријателство од Битола, 17.09.2009,БИТОЛА |
Здружение БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Струмица 20.12.2013 неактивен |
Здружение на Бугари од Македонија ИСТОРИСКО ЧИТАЛИШТЕ Струмица, 27.11.2015 |
Здружение Македонско-Бугарско пријателство МБП Скопје, 29.08.2014 Центар |
Фондација РОМСКА ИДНИНА од Р. Бугарија – подружница во Р. Македонија 23.06.2016 ВЕЛЕС, неактивен |
Здружение на граѓани за зачувување на идентитетот на Бугарите во Р. Македонија РАДКО Охрид, 06.10.2016, – останати општествени организации, фондации и здруженија на граѓани, неактивен |
Здружението на граѓани-академија за иновативно образование, кариера и развој, изучување на бугарски јазик, култура и традиции и други интелектуални услуги ЗДРАВЕЈ Скопје, 13.06.2019. Центар |
АКАДЕМИЈА ЗА ИНОВАЦИИ И РАЗВОЈ, Софија, Република Бугарија – Подружница Скопје, Република Северна Македонија 10.02.2020, неактивен, Карпош |
Фондација ИНФОРМАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Софија, Бугарија – Подружница во Република Северна Македонија, 10.02.2020, Аеродром |
Алијанса на Македонските Бугари-движење за национално единство и спас АМБ-ДНЕС Куманово 05.08.2020 |
Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари ЦАР БОРИС III Охрид, 17.11.2021, Охрид |
Здружение на Бугарите ШЕМЕТО Струга, 16.03.2022, ЛАБУНИШТА, Струга |
Според јавно достапните информации, граѓани со бугарска самосвест најавија формирање на уште здруженија, чија активност застана откако македонското Собрание усвои законски измени, со кои се условува регистрација од имињата. Законот не дозовлува регистрација наздруженија со имиња на спорни историски личности, кои се поврзуваат со фашизам, додека на веќе формираните како „Иван Михајлов“ од Битола и „Цар Борис III“, имаат законски рок да ги усогласат имињата.
(В.К.)