Арапските жени се познати како жени кои внимаваат на својот изглед, а постојат пет начини на кои го постигнуваат тоа.
Научниците направија истражување благодарение на кое дојдоа до заклучок дека арапските жени имаат најнегувана кожа. Тие изгледаат младолико и во шестата деценија благодарение на следните пет правила:
Густи веѓи
Арапските дами имаат густи веѓи кои ги негуваат со специјални масла. Тие ретко посегнуваат по пинцета и нивните веѓи секогаш се природно убави.
Ајлајнер
Единственто нешто што арапските жени му го покажуваат на светот се нивните очи. Овие жени често користат црн ајлајнер кој дополнително го истакнува нивниот мистичен поглед.
Посета на амам
Ориенталните купки се совршени за кожата и тие ги отстрануваат токсините од телото. Кга жената се поти, горниот односно оштетениот слој од кожата се отстранува и добива сјај и еластичност.
Нега на забите
Арапките секогаш имаат снежно бели заби, а причината за тоа е нивната орална хигиена која е на високо ниво. Многумина дури сметаат дека миењето на забите дошло во Европа токму од европските земји. Тие се трудат хигиената на забите да ја одржат со природни средства.
Квалитетна козметика на база на масла
Арапките претпочитаат да користат природна козметика за нега на кожа и коса. За да им биде косата сјајна и долга тие користат специјални масла. Истото важи и за телото кое го мачкаат и масираат со маслиново масло. Освен тоа, тие користат масло од темјан, од бадем или од роза и на овој начин нивната кожа е здрава и негувана.