Македонската група на ученици и нивниот ментор, кои преку програмата за размена на „Еразмус плус“ се најдоа сред разорниот земјотрес во Турција, утревечер треба да тргнат кон дома. Во моментот кога разговаравме со менторот Сабри Зендели, групата се наоѓаше во македонската амбасада во Анкара.
-Сите сме добри, безбедни сме и на сигурно. Добро е и повреденото дете. Извлечени сме и очекуваме утревечер да тргнеме кон дома, ни изјави Зејнели.
Како што е познато едно од децата има повреда на раката, која му била имобилизирана. Пружена му е здравствена помош и е во добра состојба.
Македонското МНР претходно соопшти дека групата ученици и нивниот ментор се извлечени од кризното подрачје со комбе во организација на нашата Амбасада во Анкара. Се работи за осум ученици од средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн.
-По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава, соопшти МНР.
Како што ни рече Зендели, веќе во петок би требало да стигнат дома.