Тројцата студенти по медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои се наоѓаат на пракса во Турција се добри и безбедни. Двајца од нив одлучиле да останат, додека еден веќе се вратил дома.
– Според нашите информации сите тројца студенти се добри, еден од нив како што знам е вратен веќе во Македонија, а двајцата ги контактиравме и се наоѓаат во добра состојба. Универзитетот ги нуди сите расположливи капацитети да им помогне на своите студенти доколку тоа биде потребно – рече ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски за универзитетскиот сајт.
Со цел да им помогне на студентите кои во вакви безбедносни околности сакаат да се вратат дома, студентската организација на студентите по медицина СОМА поднесе иницијатива за приспособување на термините за полагање испити за студентите од Турција.