Триесет и осумгодишниот, Кени Дан од Ванкувер, Вашингтон бил зависник од алкохол, а потоа престанал да пие и драстично ослабел. Пиел по 20 пива секој ден, а исто така знаел да сокрие вино во бањата, тајно од семејството.
„Иако немав намера да се опијам, зависноста беше посилна од тоа и немав контрола над себе. Одев во барот да испијам пиво или две и секогаш ќе испиев најмалку дваесет, а потоа се враќав за повеќе. Се чинеше како некој да го контролира моето однесување. Тогаш знаев дека ми треба помош “, изјавил тој.
Сепак решил да се откаже од алкохолот и да ги смени животните навики. Така се приклучил на програма за помош на зависници, почнал да вежба и да јаде здраво.
Парите што порано ги трошел на пијалоци, едноставно почнал да ги штеди за некои други работи.
Откако се префрлил на диета богата со јаглехидрати, тој почнал да ги губи килограмите. Диетата вклучувала здрави јаглехидрати во оброците, кои тој ги јадел во комбинација со зеленчук.
Сега Дан крева тегови и вози велосипед три пати неделно, а понекогаш може да направи и два тренинга дневно.
„Сега сум татко и сопруг каков што секогаш сакав да бидам. Моето семејство веќе не се плаши од мене. Додека бев пијан, бев непредвидлив, им викав на сите, а потоа само се онесвестував. Немав контрола над моето однесување, но сепак сум одговорен за тоа “, истакнал тој, додавајќи:
„Немам намера повеќе да пијам, но одам од ден на ден. Мојот живот е сведен на моето закрепнување, затоа верувам дека тоа ќе ме натера никогаш повеќе да не размислувам за алкохол“.
Извор: informer.rs