На патиштата низ државава и понатаму се вози како во филмот „Брзи и бесни“ и не помагаат ниту казни, ниту акциски контроли.
Тоа го покажуваат и податоците од МВР, каде само вчера 727 возачи се санкционирани поради преголема брзина.
- Во текот на вчерашниот ден (05.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 727 возачи. Од нив 49 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 369 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 358 надвор од населено место, информираат ид МВР.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.