Полицијата во Пула истражува случај на измама на 49-годишна жена, која е оштетена за десет илјади евра.
Жена од Хрватска на една од социјалните мрежи запознала маж кој се претставил како турски актер и некое време се допишувала со него. Откако тој ја стекнал нејзината доверба, ја замолил да му прати пари ветувајќи ѝ љубов. Жената во перидот од 6-ти декември до 25-ти јануари на повеќе сметки му уплатила износ од над 10.000 евра. Таа сфатила дека е измамена кога од ФБИ наводно ја контактирале од лажна електронска адреса со барање за понатамона исплата на парични средства, по што случајот го пријавила во полиција.
За да се избегнат вакви настани, полицијата упати предупредување до граѓаните да бидат внимателни во комуникацијата на социјалните мрежи и на веб страниците за запознавање. Измамниците бараат жртви на интернет за да остварат противправна финансиска корист и користат разни методи на измама, па дури и искажуваат љубов.
„Оние кои ги прават ваквите романтични измами, изразуват силни чувства кон жртвата во нивната меѓусебна комуникација, а откако ќе ја стекнат нејзината доверба тие бараат пари, подароци или податоци од нивната картичка Исто така, може да бараат жртвата да им прати интимни фотографии или видео записи“, апелираше полицијата.
Полицијата ги предупредува граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат компромитирачки материјали со непознати лица.