Лиде, која цела пандемија ни го разубавуваше денот со пораки до екс министерот за здравство Венко Филипче, објави нова песна насловена како „Незапирлива“.
-Во песната се пее за куршуми, затвор, сонежи, нешто сосема поинаку. Куршумите, шо ми ги наогаат се од бившиот дечко, што загинал во сообраќајка, а сегашниот е осомничен. А токму поради куршумите ме испитуваат мене. Сета непријатност, која ја доживувам, претходно ми ја најавува лош сон. Значи во приказната јас сум сомнителната. Песната е инспирирана од повеќе вистински настани и луѓе. Снимањето беше со импровизации и ограничувања на движења, сцени, објекти, време. Какво е такво е,комплекси немаме. Ние се забавувавме. Требаше да бидеме гадни глумци, исклучок беше секси инспекторката. Посветено на секој што се нашол и ќе се најде во слична ситуација. Посебен уддел во мојот измалтретиран изглед има мојот мачор Томи, цела ноќ не ме остава да спијам ме буди на секои два часа, вели Лиде и додава:
-Епа ќе пеам сега за други искуства, не за мене. Филипче се ожени во Струмица, рече таа.