Според првите проценки, околу 130 згради се целосно уништени на југот на Турција, додека тој број во Сирија засега е непознат, но бројот на загинати се зголеми на неколку стотици.
Во градот Шанлируфа на југот на Турција за време на земјотресот се урна цела болница и под урнатините ги затрупа пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.
Се стравува дека голем број загинати се потрупани под тони бетон, но спасувачите не се откажуваат од надежта дека има преживеани заробени под урнатините.
На местото на уривањето на болницата пристигнаа механизација и спасувачи, кои им се придружија на граѓаните во обидот да ги пронајдат живите и повредените.
Турските власти апелираа до светската јавност дека секоја помош е добредојдена за спас на луѓето.