Пејачката Бијонсе стана најуспешната добитничка на музичките „Греми“ награди досега, но на синоќешното доделување во Лос Анџелес ѝ побегна можеби најбитната награда – за најдобар албум, којашто ја доби Британецот Хари Стајлс, за „Harry’s House“.
Бијонсе освои четири награди – за најдобра ар-ен-би песна, традиционална ар-ен-би изведба, денс/електронски албум и денс/електронски запис. Taкa, таа во кариерата досега има вкупно 32 „Греми“ одличја – што е нов рекорд.
Блуз, фолк и кантри-ветеранката Бони Раjт (73) ја доби наградата за песна на годината, за „Just Like That“. Признанието ѝ го врачи првата дама на САД, Џил Бајден, која беше една од доделувачките на свеченоста. Лизо ја доби наградата за најдобар запис на годината, за „About Damn Time“, а Адел ја има најдобрата соло-изведба во категоријата поп.
Раперот Кендрик Ламар кој освои три награди – за најдобра рап-изведба, рап-песна, за „The Heart Part 5“ и најдобар рап-албум – „Mr. Morale & the Big Steppers“.