На македонците кои шират говор на омраза, а имаат бугарски државјанства истите треба да им бидат одземени. Ваква иницијатива покрена бугаринот Димче Јамандиев од Велес кој вели дека треба да се почне пред се од оние кои се политичари, но да се стигне и до обичните граѓани.
- Треба да се почне од луѓето кои се бугари и еднаш засекогаш да се заврши прашањето со говорот на омраза, рече Јамандиев во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Запрашан од водителот Столе Наумов дали е свесен дека многу македонци зеле бугарски пасоши поради потреба, а дел од нив се и криминалци за да може да пребегаат во Бугарија, Јамандиев одговори дека е свесен, но оти е свесен и дека има многу македонци во државата со бугарска самосвест, а кои немаат бугарско државјанство.
- Јас од дете сум бугарин, дедо ми викаше дека сме исти народ. Мене ме исклучија и од младешката ВМРО-ДПМНЕ кога бев млад поради бугарофилство, рече Јамандиев.
Вели луѓето го прифатиле каков што е, но факт е дека има омраза.
Според него во Бугарија нема голема политичка партија која шири омраза кон Бугарите, како што тоа е ВМРО-ДПМНЕ кај нас. Вели нема партија која би можела да ја управува државата, а шири омраза и која би била против добри односи со Македонија.