Здравствена установа во Ајова се соочува со казни од илјадници долари, откако една жена по грешка била прогласена за мртва и одведена во погребално претпријатие.
За среќа, таа навреме се разбудила и „побарала воздух“.
Како пренесуваат американските медиуми 66-годишната жена била во Центарот за грижа за Алцхајмерова болест Глен Оукс од декември 2021 година пред да се пресели во болница, според извештајот од Одделот за инспекции и жалби во Ајова. Објектот се соочува со државни прекршувања што може да резултираат со казни до 10.000 американски долари.
На жената, чија здравствена состојба се влошувала, и била констатирана смрт на 3 јануари, кога вработените забележале дека „устата и е отворена, очите и биле фиксирани и немало дишење“.
Била повикана погребната служба и известено семејството на жената. Во 19 часот и 38 минути дошол директорот на погребалното претпријатие и медицинската сестра го ставила телото на жената во вреќа.
Околу 20:26 часот во погребалното претпријатие, работник го отворил патентот и видел како градите на жената се движат и како „воздивнува во потрага за воздух“. Погребниот дом повикал 911 и болницата. Кога пристигнале, забележале пулс и дишење, пренесува српски новости.рс.