Болните од цистична фиброза може да здивнат! Министерството за здравство информира дека ќе се набави лекот Трикафта, кој им е потребен за нормален живот.
-На вчерашната владина седница, на предлог на министерот за здравство, д-р Беким Сали беше иницирано обезбедување финансиски средства за лекот Трикафта за пациенти со цистична фиброза.
Набавката ќе се одвива во неколку фази. Во рамки на првата фаза, се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза, информираат од МЗ.