Македонија е за едно место погоре, односно на 72 место од вкупно 167 земји и територии е на листата на Индекс на демократијата што секоја година ја објавува Economist Intelligence Unit (ЕИУ – Единица за деловно разузнавање). Сепак, земјава е последна во групата земји кои имаат „несовршена демократија“ и по неа почнува рангирањето на земји со „хибриден режим“.
Вкупната оценка е 6.10, со што, се најде едно место погоре. За споредба: во 2020 кога беше рангирана на 78-то место со резултат од 5.89 и се наоѓаше во групата „хибридни режими“, додека во 2021 година забележа подобрување и беше рангирана на 73-то место со резултат од 6,03 и влезе во групата на „несовршени демократии“.
Македонија „паднала“ на партиската култура, кој останува најголем проблем со најниска оценка како и лани, со оценка од 3.13. Најдобра оценка Македонија има за изборен процес и плурализам – 7.83 и граѓански слободи – 7.35.
Од земјите од регионот, најголем напредок има Црна Гора, која лани беше веднаш под Македонија, додека сега од 74-тото место напредуваше 13 места погоре и е рангирана на 61-то заедно со Романија.
Работатата на Владата ја расипува оценката
Што забележува Индексот на демократија за Македонија?
„Резултатот на Северна Македонија маргинално се подобрува, од 6,03 во 2021 година на 6,10 во 2022 година, поради подобрувања во оценката за граѓанските слободи, додека опаѓањето на оценката за функционирање на владата.
„Парламентот на Северна Македонија го одобри непопуларниот предлог во јули, кој резултираше со укинување ветото од Бугарија на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Предлогот беше непопуларен во јавноста, со оглед на тоа загриженоста дека отстапките направени кон Бугарија ќе го поткопаат македонскиот национален идентитет. Во исто време, сепак, земјата конечно ги објави првите официјални збирки на податоци од Пописот во 2022 година и успешно ги надмина општествените и политичките прашања кои предизвикуваат голема поделба поврзани со број на етнички Македонци и етнички Албанци во земјата“, пишува во објаснувањето на оценката за Македонија.
Според Индексот на демократијата за 2022 година, 72 од 167 земји и територии опфатени Бројот на „целосни демократии“ се зголеми на 24 во 2022 година, од 21 во 2021 година, бидејќи Чиле, Франција и Шпанија повторно се приклучија на прворангираните земји (оние кои постигнале повеќе од 8,00 од 10). Бројот на „неисправни демократии“ се намали за пет од 48 во 2022 година. Од преостанатите 95 земји, 59 се „авторитарни режими“, исто како и во 2021 година, а 36 се класифицирани како „хибридни режими“, за разлика од 34 претходната година.
Првите пет рангирани земји на Индексот на демократија се Норвешка, Нов Зеланд, Исланд, Шведска и Финска.
В.К.