Иако семејството мислело дека сепак има шанса Мајкл да се појави, сите го напуштиле островот. Две недели подоцна Холанѓаните ја прекинале потрагата. Како официјална причина за неговата смрт било наведено давење.
Набргу потоа, неговото исчезнување станало сензација за медиумите, а многумина го прогласиле за голема мистерија. Некои тврделе дека го имаат изедено ајкули додека пливал до островот. Други тврделе дека живее негде во џунглата на Нова Гвинеја. Холанѓаните ги демантирале овие гласини, истакнувајќи дека не можат да откријат што му се случило и дека едноставно исчезнал без трага.
Нови сознанија и повторно отпочнување на потрагата
Новинарот на „Национална географија“, Карл Хофман во 2014 година во својата книга „Дива жетва: Приказна за канибализмот, колонијализмот и трагичната потрага по Мајкл Џексон“ напишал дека многу холандски истражувања по однос на ова прашање довеле до докази дека племето Асмат го има убиено Мајкл.
Двајца холандски мисионери на островот кои со години живееле меѓу Асматите и го говореле нивниот јазик им рекле на локалните власти дека од Асматите слушнале оти некои од нив го убиле Мајкл Рокфелер. Полицаецот Вим ван де Вал, кој бил пратен да го истражи злосторството следната година, дошол до истиот заклучок па дури го покажал и черепот за кој Асматите тврделе дека му припаѓа на Мајкл. Сите овие извештаи по кратка постапка завршиле меѓу доверливите досиеја и не биле дополнително истражени. На семејството Рокфелер им било кажано дека нема вистина во гласините дека нивниот син бил убиен од домородци.
До 1962 Холанѓаните веќе изгубиле половина од островот од новата држава Индонезија.
Бизарно убиство од страна на канибали
Кога Карл Хофман одлучил да ги истражи овие тврдења стари над 50 гдини, почнал така што отпатувал во Отсјанеп. Таму претставувајќи се како новинар кој ја документира културата на народот Асмат, неговиот преведувач слушнал човек како му кажува на друг припадник на племето да не зборува за американски турист кој починал таму.
Кога преведувачот го прашал кој е тој човек, му било кажано дека се работи за Мајкл Рокфелер. Дознал дека на островот е општо познато дека Асматите од Отсјанеп убиле бел човек и дека тоа не треба да се споменува поради страв од одмазда. Исто така, дознал дека убиството на Мајк е само по себе одмазда.
Само три години пред Рокфелер да го посети островот за првпат, во 1957-та година се случил масакр меѓу две племиња на Асматите, при што биле убиени неколку десетина мажи.
Холандската колонијална влада која тогаш само што ја имала преземено контролата над островот, се обидела да го сопре насилството. Холанѓаните сакале да го разоружаат племето, но поради културните недоразбирања тие отвориле оган врз жителите на Отсјанеп. Во првата средба со огненото оружје, селото Отсјанеп останало без четворица од водачите. Огорчени, припадниците на ова племе го забележале Мајкл додека со грб бил обрнат кон нивниот брег. Според зборовите на холандскиот мисионер кој прв ја слушнал приказната, припадниците на племето на почетокот мислеле дека Мајкл е крокодил, но кога им се приближил тие го препознале како бел човек кој личел на холандските колонизатори. За несреќа на Мајкл луѓето кои ги сретнал биле синови на оние кои биле убиени од страна на Холанѓаните. Иако се двоумеле, на крај сепак одлучиле да го прободат со копје и на тој начин го убиле. Потоа му ја исекле главата и му го расцепиле черепот. Го „зготвиле“ и го изеле остатокот од неговото тело. Припадниците на племето ја пиеле неговата крв додека изведувале ритуални танци и сексуална работа.
Луѓето од Отсјанеп мислеле дека така ја враќаат рамнотежата во светот. „Племето на белиот човек“ убил четворица нивни луѓе, а тие се одмаздиле. Непосредно пред враќањето на Хофман во САД, во селото бил виден човек кој го имитира убиството во рамките на приказнаташто ја раскажувал на друг човек. Племеникот се преправал дека прободел некого со копје, испукал стрела и му ја отсекол главата. Слушајќи ја веста за убиството, Хофман почнал да снима – но приказната веќе била завршена.
Извор: stil.kurir.rs