Крај на драмата во Германија, серискиот убиец (31) од Србија е уапсен во вторникот, по три години бегство.
Тој е осомничен за неколку убиства на старици во Швебиш Хал, а последното го изврши минатата среда, на денот кога беа убиени и другите жртви. Во тој град живеел нерегистриран, со сопругата и двете деца, а инспекторите се уште истражуваат зошто ги убил несреќните баби, за кои се верува дека се четири. Исто така, полицијата со години мислела дека убиецот е русокоса жена, додека во средината на јануари еден дедо го опишал како црномурест маж.
Истражувајќи ги сериските убиства на бабите инспекторите дошле до заклучок дека сите биле убиени во среда, па го означиле како ден кој осомничениот го избрал за своите злосторства.
Минатата среда во предградието на Швебиш Хал, во нејзиниот стан била убиена бабата Гертрауте Н.
Уапсениот Србин е осомничен за двете дела. Сепак, се верува дека тој е одговорен за уште две убиства на пензионерки во 2020 и 2022 година.
Тој беше врзан со лисици во неговиот стан, во подрумот. Таму живеел со сопругата и двете деца, непријавен, а во полиција рекол дека дошле во декември минатата година.
Сепак, доказите покажуваат дека тој бил во тој град веројатно три години, кога се случи првото од серијата убиства.
- Во октомври 2020 година беше убиена сопственичка на пиварница (94), а две години подоцна, на само 200 метри, во нејзиниот стан беше убиена и вдовицата Хајдемари К.(77). И двете биле убиени во среда. За тие случаи се уште се собираат докази против Србинот, кој беше уапсен во стан, на 150 метри од второто место на злосторството – објаснуваат истражителите за германските медиуми, а пренесува Република.рс.
Српскиот државјанин при апсењето не пружал отпор, а на распитот не сакал да го открие мотивот за бруталните злосторства, додека инспекторите се уште истражуваат како биле убиени бабите.
Осомничен е и дека ограбил пензионер (83), во чија куќа провалил на 17 јануари и се заканувал со пиштол, а тој грабеж довел до пресврт во потрагата по серискиот убиец.
-Дотогаш инспекторите имаа само ДНК на Србинот, и фоторобот од русокоса. Меѓутоа, кога ја пронашле истата ДНК во станот на дедото што тој го ограбил, а тој им го опишал како човек со очила за сонце, кој зборувал „скршен германски“, сфатиле дека серискиот убиец сепак не е жена, како што опишувале другите сведоци. Потоа објавија нов фоторобот на црномурест маж, што набрзо ги доведе до негово апсење – заклучува извор близок до истрагата, пренесува Република.рс.
Германската полиција вчера одржа прес-конференција на која на граѓаните на Швебиш Хол им порача дека можат да здивнат бидејќи серискиот убиец конечно е зад решетки. Тие изјавија и дека тој претходно не и бил познат на полицијата и дека сакале да стапат во контакт со српските власти за помош во истрагата.
- Осомничениот не ни даде никакви информации, така што, засега, немаме информации за мотивот за неговите злосторства – соопшти вчера високиот јавен обвинител од Шабиш Хол, Харалд Мери.
До неговото апсење се упатуваше апел до пензионерите дека се во голема опасност, а братот на една од убиените баби во една прилика за медиумите изјавил: - „Уапсете го ѕверот, сите сме во опасност“. Исто така, претставниците на полицијата рекоа дека ваквите кривични дела не се вообичаени за ваква рурална средина.
Инспекторите пронашле многу докази во контејнерите, веднаш до зградата во која живеел Србинот. Исто така, неговите злосторства во истрагата биле наречени „рутински“ и „автоматизам“.