Со помош на „женска солидарност“ се надградил мамографот во Неготино - Како се снаоѓаат лекарите за да не бидат „демоде доктори“ и да помогнат на пациентите?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/23 11:39 AM

Со помош на „женска солидарност“ се надградил мамографот во Неготино – Како се снаоѓаат лекарите за да не бидат „демоде доктори“ и да помогнат на пациентите?

Постоечкиот мамограф во Неготино е докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција.

Ова комплетирање на апаратот чини 20.000 евра, информираа од Јавната здравствена установа Здравствен дом Неготино и се заблагодарија  на  пратеничката Лолита Ристова, како и до сите други пратеници во Собранието на РСМ , кои дале поддршка на барањето и преку Владата ги обезбедиле потребните парични средства, која била спроведена преку Министерството за здравство.

Но, дали за надградба на мамограф со мемориска картичка треба здравствените работници да се заблагодаруваат на сите пратеници и Влада?

Мамографот е дониран во февруари ланската година и скоро цела година од Здравствен дом Неготино се обидувале да го надградат

 

ММС разговараше со директорката на овој здравствен дом, д-р Биљана Филипова, која ни раскажа низ што поминале за да ја обезбедат оваа мемориска картичка, бидејки без неа мамографот можело да го искористи само една пациентка дневно.

-Апаратото си работеше, исправен е, но е поврзан со многу мала меморија, па на тој апарат максимум можеше да се направи една до две мамографии дневно, сега со надградбата можеме минимум пет-шест без проблем.  Мамографските прегледи отсекогаш беа проблем. Имавме апарат од американска донација, но пред 10 години се расипа. Навистина е супер е што го добивме овој апарат, но недостигаше поголема меморија – ни рече директорката, која на прашањето на ММС не е ли глупаво за ваков проблем, кој патем чини само 20.000 евра да се покренува цело Собрание и Влада.

-Воопшто не ми беше глупаво да барам, бидејќи е навистина потребно. Ние го известивме Министерството за здравство дека вака повеќе не може.  Проблемот го кажав, бидејќи има толку многу карциноми на дојка, има навистина потреба. Што ако имавме апарат ако не можевме да ги опслужуваме пациентите како што треба. Преку Фондот не можевме да ги добиеме тие пари, па повеќе по женска линија се потрудив да го решам проблемот. И ете ја постигнавме целта, пациентите може да бидат среќни, а секако и ние лекарите. Сите сакаме да се прегледаме на време, да не се прави кога е веќе доцна. И навистина сме среќни што е сега се во ред, вели директорката и додава:

-За мене не постојат политички бариери, туку само здравствен дом и пациенти. Не е пратеничката единствена од која барав помош. Барав од сите што мислев дека ќе можат да помогнат. Мораме да се снаоѓаме, нема друг начин. Нашите буџети се ограничени, а знаете колку се скапи медицинските опреми. До пред короната можеби можевме нешто да напавиме со наши средства, но по короната е многу тешко. Навистина имавме голем број пациенти за кои се погриживме. Ние жените како да имаме повеќе чувство за менаџирање, посентиментални сме и посериозно ги сфаќаме проблемите, барем за мене тоа го кажувам, вели д-р Филипова за ММС.

Според неа, не е ова единствениот проблем со кој се соочува Здравствениот дом Неготино.

-Дај Боже да имаме компјутер или магнетна. Оваа работна станица што ја добивме сега може да се искористи и за тие апарати. Повеќенаменска е. За да не бараме пак за некој друг апарат. Ние имаме потреба и од опремување на одделот за ОРЛ, колешката замина во пензија, а ни се врати колега од специјализација. Имаме потреба од домодернизирање на тој оддел. Во овие периоди знаете здравството низ што помина. Ние сме Здравствен дом, но короната ја поминавме како дневна болница. Пациентите ни клечеа по ходниците и моравме да се организираме,  Кавадарци и Велес беа преполнети. Менаџирањето на здравствените установи е комплексна работа, а и искуството го прави тоа. Мора да се снаоѓаме, не сме во ситуација да се модернизираме или опремиме со нашите буџети преку Фондот и навреме да набавуваме опрема. Медицината оди напред и мора да се изнаоѓаат работи, да се следи чекорот. Не можеме да бидеме демоде доктори, ни рече директорката д-р Филипова.

Мамографот го користи населението од општините Неготино и Демир Капија, како и другите соседни општини, здравствените услуги на мамографот може да ги користи, преку системот „Мој термин“.

Станува збор за мамограф донација од бугарската амбасада.

 

Весна Миленковска

Пак ли ќе извисат пациентите? Ниту Влада, ниту министерството немаат одговори дали мобилниот мамограф ќе остане само фалба на власта!

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7