Како тегличка џем расипа брак, а сега ќе расипе врска - Песната на Шакира ја „стресе“ љубовта на Пике и Клара
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/23 7:00 PM

Како тегличка џем расипа брак, а сега ќе расипе врска – Песната на Шакира ја „стресе“ љубовта на Пике и Клара

Не можеше да одбере подобар начин за да се пресмета со нив, сметаат обожавателите на пејачката Шакира (45), која минатата недела го „здрма“ светот со песната BZRP Music Sessions #53. Во песната таа го споменува својот партнер, Герард Пике (35), но и неговата девојка Клара Чиа Марти (23) со која тој ја изневери Шакира.

Песната за кратко време се искачи на врвот на многу музички листи, а поради начинот на кој пејачката дознала за изневерувањето, оваа песна стана вирален хит. За сѐ е „виновна“ една тегличка џем. Всушност, ниту децата ниту Пике не го сакале џемот, а кога Шакира се вратила од пат, забележала дека некој го изел. На социјалните мрежи може да се прочита дека со оваа песна Шакира успеала да ја „стресе“ врската на Герард и Клара бидејќи внела немир и притисок меѓу нив.

-Нема шанси да опстанат, таа врска е осудена на пропаст. Сите слушнаа и знаат што ѝ направија на Шакира, тоа ќе ги прогонува вечно и прашање на време е кога ќе признаат дека е готово – пишуват корисниците на социјалните мрежи.

Сепак, ако се суди според зборовите на новинарката Лорена Васкез која следи сѐ што се случува околу Шакира, Пике и Клара се безгрижни и не се замараат со приказните дека нивната врска е во криза. Тие заедно биле на натпревар и покажале дека се среќни.

„Се бакнуваа, се милуваа во јавноста и така покажаа дека нивната врска е сѐ појака од ден на ден“, изјавила Васкез, пренесува Marca.Новинарката тврди дека разбира зошто Шакира одлучила да објави песна со стихови упатени токму кон Герард и Клара.

„Да барате од Шакира да ја почитува личноста со која Пике ја изневерил е малку комплицирано“, истакнала новинарката.

Се чини дека и покрај сѐ, Герард и Клара се многу смирени и уживаат во романсата, исто како ништо да не се случило.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7