Срѓан Ѓоковиќ, татко му на Новак, немаше можност да го следи финалниот меч на Ноле од трибините бидејќи се повлече по објавувањето на фотографија и видео на кое се гледа како навива покрај навивачите со руски знамиња и буквата „з“.
Сепак, таткото на Новак најде начин да го помине времето во Австралија, со српска музика, томпуси и пијачки.
Во текот на денот пред еден од натпреварите на Новак во Мелбурн, Срѓан Ѓоковиќ бил расположен и ја навести големата победа на крајот. Тој танцувал на српска фолк музика со тактовите на песната „Коси тата, косим ја“ од Добривое Топаловиќ, иако не се знае точно кога е направена снимката.