Парис Џексон и денес живее во изобилство обидувајќи се да се оствари и како музичарка и модел, но за шест години ја чека богатство од над 100 милиони долари кои треба да ги наследи од покојниот татко Мајкл Џексон.
Парис важи за бранител на ликот и делото на својот татко иако токму поради него, таа живеела без мајка цели 13 години. Имено, откако кралот на поп музиката почина, Парис стапила во контакт со Дени Роу, жената која ја родила и сега тврди дека се уште е во одлични односи со неа. Иако Парис отсекогаш зборувала дека имала детство како од бајка, многумина сметаат дека тоа е далеку од вистината.
Како пример за тоа, ја наведуваат невозможноста да се снајде во реалниот свет и да изгради кариера или да создаде сериозна емотивна врска.