Италијанската актерка, Софија Лорен со децении е синоним за убавина. Таа е поборничка за природниот изглед. Никогаш нема направено естетска операција или некој естетски зафат, а и во деветтата деценија сѐ уште редовно се негува. Актерката во една прилика истакна дека нашите таленти и нашата креативност претставуваат извор на младоста.
„Изгледот го наследив од мојата мајка која ја сметав за најубавата жена на светот, а која изгледаше како Грета Гаро. Кога се работи за мојата убавина, точно е дека мене ме вбројувале меѓу најубавите жени на светот, но јас сум далеку од совршена. Всушност, сметам дека тоа по што се издвојував беше мојата необичност, бидејќи убавина на кукла сигурно не сум имала. Сепак, не можев да не верувам во тоа дека сум преубава бидејќи луѓето околу мене тоа постојан ми го повторуваа. Жената не ја прави убава ништо друго како што тоа го прави верувањето дека е убава“, изјави Софија во една прилика.
Таа има свои навики и рутини кои никако не ги прескокнува, а токму во таката доследност лежи и нејзината тајна за нега на кожата. Се буди многу рано, а веднаш потоа оди на прошетка.
„Секогаш се будам рано, околу пет науро. Првиот час го посветувам на прошетка. Знам дека секогаш можете да најдете доволно добро оправдување да не вежбате, бидејќи и јас на дневна основа наоѓам барем пет изговори, но не се откажувам. Додека се шетам во паркот близу мјата куќа секогаш помислувам – можеби од зад аголот ќе се појави нешто убаво. Клучот е во позитивниот став, а јас сум некој кој секогаш размислува позитивно и ретко кога сум во некое тажно или меланхолично расположение. Исто така правам и стомачни вежби, но и благо истегнување на телото дома“, раскажа своевремето актерката.
Кога се работи за исхраната, сСофија Лорен детално раскажа како изгледа нејзиното мени. Појадокот ѝ е лесен, ручекот обилен, а вечерата вообичаено ја прескокнува.
„Денот го почнувам со лесен појадок, најчесто мафини со кои никогаш не пијам кафе. Нешто подоцна јадам некој лесен сендвич, па гледам ручекот да ми биде обилен. Најчесто ручам тестенини, пилешко, салата и овошје. Ретко вечерам. Знаете, јас сум Италијанска и мислам дека за мојот изглед пред се се заслужни шпагетите кои редовно ги јадам“, објасни таа.
Сепак, постои една клучна состојка што ја користи во негата на лицето и телото и токму таму се крие нејзиниот главен трик за блескав тен.
„Јас сум голем фан на органското маслиново масло. Секојдневно го користам во исхраната, но го користам и за нега на кожата, поточно како хидратантна дневна крема. Тоа е богато со антиоксиданси и особено со витамин Е кој го забавува процесот на создавање брчки. Маслиновото масло е тајната за мојата убавина“, откри Лорен.
Иако никогаш не помислила да посети естетски хирург, актерката се труди да ги разбере жените кои се незадовлни со својот изглед.
„Тоа како ќе изгледате е ваш избор. Оние жени кои ќе одлучат да одат на пластична операција се можеби незадоволни од своето тело и сакаат да изгледаат поразлично. Не знам која е причината бидејќи јас се сакам себеси таква каква што сум. Многу ја сакам својата кожа и никогаш не сум била спремна да дозволам некому, без разлика колку и да е стручен, да го менува мојот изглед. Но го разбирам и тоа дека пластичните операции може да се последица на здравствени проблеми“, изјави таа додавајќи дека е најважно да се трудите во сѐ да пронајдете радост.
Треба да знаете дека без оглед на тоа колку години имате, секгаш можете да пронајдете нешто на што ќе се радувате во животот. Затоа радувајте се и водете сметка за себе – порача таа.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs