Лесли Максвел и Тиа Кристофи се баба и внука кои важат за интернет сензација.
Модерното општество диктира брзо темпо на живот, па сведоци сме дека жените сѐ почесто за определуваат за деца во доцните триесетти години. Баш поради тоа повеќето луѓе мислат дека Лесли Мексвел (64) и Тиа Кристови (21) се мајка и ќерка, имајќи предвид дека разликата меѓу нив е 43 години. Меѓутоа, вистината е дека тие две се всушност баба и внука, што предизвикува воодушевување кај сите кои имале прилика да ги видат. Она што е исто така интересно, е тоа што овие две жени изгледаат како да се другарки.
Лесли работела како личен тренер, па не е чудно што таа е во топ форма. Редовно оди во теретана со својата внука Тиа, а при тоа, секогаш се слично облечени. Тие откриваат дека си разменуваат гардероба.
„Секако дека ми годи кога мислат дека сум многу помлада од тоа што сум и дека Тиа е моја ќерка. Свесна сум дека ретко која жена на мои години е во топ форма, а тоа впрочем не би требало да биде така“, вели Лесли, пренесува Њујорк пост.
Таа додава дека секој почеток е тежок, но доколку никогаш не се почне, резултатите нема да дојдат.
„Многу е важно да почнете со вежбање макар и на неколку минути и постепено да го зголемувате времето. Ниту јас не сум родена ваква. Мојот изглед се должи на макотрпен процес на одрекување и вежбање. Одам барем пет пати неделно во теретана, ако не и секојдневно. Имам посебен режим на исхрана. Моето мени се базира на масти и протеини, но не конзумирам шеќери и бело брашно. Ако е поинаку, тогаш резултатите ќе изостанат. Внука ми ја учам од време на време да воведе соодветен режим на исхрана. Сите се убави кога се млади, но за жал годините бргу минуваат и затоа мора да работиме на себе“, порачува таа.
Нејзината внука на тоа одговора дека храната која ѝ ја носи баба ѝ кога доаѓа на гости се разликува од она што повеќето баби им го купуваат на внуците.
„Бабите секогаш носат колачи, а мојата мене ми носи органски јајца, органско овошје и палачинки од брашно од хељда“, изјавила Тиа.
Лесли гордо нагласува дека и покрај разликата од 43 години, таа и внуката носат ист конфекциски број, а често си разменуваат гардероба.