Рѕските власти ја ставија Олесија Кривцова на списокот на терористи и екстремисти, заедно со ИСИС и талибанците, бидејќи на Инстаграм објавила статус за експлозијата на мостот на Крим во кој ја критикувала инвазијата на Украина.
Девојката (19) од руската област Архангелск сега има тетоважа против Путин на глуждот и уред кој го следи секој нејзин чекор, кој мора да го носи додека е во домашен притвор во Северодвинск.
Таа била обвинета поради објави на социјалните мрежи за кои властите велат дека ја дискредитираат руската војска и го оправдуваат тероризмот. Нејзе ѝ е забранет пристап на Интернет и користење други форми на комуникација, пренесува Индекс.хр.
Адвокатот на тинејџерката Алексеј Кичин изјави за Си-Ен-Ен дека ѝ се заканува затворска казна до три години за дискредитација на армијата и до седум години за оправдување тероризам. Но, тој додаде дека се надева дека ќе добие само парична казна.
Локалниот лидер на Комунистичката партија, Александар Новиков, јавно ја исмејуваше Кривцова на државната телевизија, нарекувајќи ја будала која треба да биде испратена на линијата на фронтот за да може да им „гледа во очи“ на руските војници.
Ова не е прв пат тинејџерката да има проблеми со надлежните. Минатиот мај, против неа беше поднесена административна пријава за дискредитација на руската армија со дистрибуција на антивоени плакати.
Работите станаа посериозни кога таа беше обвинета за истата активност на социјалните мрежи во октомври. Според нејзиниот адвокат, повторувањето на кривично дело од истиот член станува кривична постапка.
-Таа има силно чувство за правда, што и го отежнува животот. Зборувањето гласно сега е голем грев во Руската Федерација“, изјави нејзината мајка за Си-Ен-Ен.
Според Наталија Кривцова, полицијата на 26 декември упаднала во станот во кој живеела нејзината ќерка со сопругот Иља, ги принудила да легнат со лицето на земја и наводно им се заканувала со чекан. Олешја била многу исплашена бидејќи видела видео на кое со таков предмет е убиен затвореник.
„Земјата има некои чудни политики: затворениците одат во војна, а децата во затвор“, вели мајката на тинејџерката, пренесува Индекс.хр