Пејачот Марк Ентони (54), се ожени со манекенката Надија Фереира (23).
Ова е негова четврта венчавка, а церемонијата беше во Мајами.
Музичарот и поранешна парагвајска натпреварувачка за Мис Универзум беа домаќини на гламурозната церемонија на која поканија голем број познати гости.
https://www.instagram.com/p/CjoIq2suhzS/
Меѓу нив беа Бекамови, Салма Хајек, Лин Мануел Миранда, Луис Фонси, па дури и претседателите на некои земји од Латинска Америка.
Свадбата била во уметничкиот музеј Перез во Мајами.
Невестата носела фустан од Гали Лахав, додека младоженецот бил облечен во елегантен костум од Кристијан Диор.
Фустанот бил романтичен, со прекрасни детали од тантела и обемен воз, пишува Хола.
Фото: Инстаграм