На Модната недела во Париз блеснаа најистакнатите ѕвезди.
Секој се трудеше да изгледа најдобро што може и да заблеска во полн сјај. Францускиот актер Винсент Касел и неговата избраничка, Тина Кунаки која е 31 година помлада од него, привлекуваат внимание каде и да се појават. Овој пат, Тина беше главна ѕвезда на забавата на Гучи.
Вообичаено за неа е да ја гледаме разголена, додека во прв план е нејзиното заносно тело и преубавиот тен. Меѓутоа, овој пат таа се покажа во друго светло, па на приемот на Гучи се појави со кожен мантил со впечатлив принт. Под мантилот доминираа црните чизми, а целата комбинација беше заокружена со бисерен ѓердан.
На ревијата на Александар Вотијер пак, се појави во друга комбинација и ги изненади сите оние кои не се навикнати да ја гледаат во кежуал издание закопчана до грло. Тина заблеска во безвременски беж мантил и покажа дека и секојдневните комбинации не се помалку атрактивни. Ова е всушност една од ретките ситуации во кои Тина можевме да ја видиме сама, со оглед на тоа дека Касел не се двои од неа.
И покрај коментарите дека разликата во нивните години е очигледна, односно дека актерот покрај својата сопруга изгледа како старец, нивната љубов се уште трае. Тие стапнаа на „лудиот камен“ уште во 2018 година, а круната на нивната љубов е ќерка им Амазонија.