д почетокот на руската агресија, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, генерално секогаш се појавува во јавноста во сега препознатливата маслинесто зелена или маскирна униформа, дури и кога се среќава со претставници на други земји или ги посетува, пренесува Индекс.хр.
Пред неколку дена Форбс откри дека Зеленски со тоа што ги носи го промовира украинскиот бренд за облека M-TAC, кој вообичаено произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје и воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски ги носат и врховен командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.
Иако руската агресија против Украина уништи бројни компании и корпорации, главно мали и средни претприемачи, таа беше многу плодна за M-TAC, бидејќи продажбата се зголеми за три пати од февруари до сега. Производството во Киев е проширено, отворена е и фабрика во Лавов, вработени се уште 750 шивачки кои работат во три смени, а според финансиските прогнози на експертите, неговиот годишен приход би требало да биде околу 150 милиони евра.
Компанијата M-TAC е основана од Александар Карасев од Киев на почетокот на 2000-тите, затоа што тој бил голем љубител на аирсофт, односно воена симулација. Во тоа време, во Украина не можело да се најде опрема за аирсофт или било многу тешко да се најде, а Карашев решил своето хоби да го претвори во бизнис.
Со својата партнерка Наталија Коржењук отвориле продавница Милитарист во Киев, каде што продавале увезена ерсофт опрема, а од 2014 година имале шест продавници. Карасев дури успеал да набави неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби.
На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговата продавница и да се опремат за војната, а со тоа да го промовираат неговиот бренд.
Гледајќи дека им оди подобро и дека конкуренцијата станува посилна, Карасев и Коржењук на крајот се здружиле со дизајнерот Денис Головка и развиле бренд на тактичка облека наречена M-TAC. Брендот стана многу популарен меѓу војниците, а пред војната која започна во февруари 2022 година, тие имаа седум продавници и работилница и магацин во Киев и 200 вработени, како и производна линија и продавница со магацин во Полска.
Не им било лесно на самиот почеток на инвазијата. Карасев и некои вработени заминале во војна и трговијата ја одржувале многу мал број луѓе, а во еден момент Русите за малку ќе дошле во нивната фабрика. Тие се вратилена работа дури во мај, а во јуни почнале да ја градат фабриката во Лавов, со помош на инвеститори, ко-основачот на украинскиот извозник на земјоделски производи Орехимм Јуриј Будник и директорот на компанијата Александар Худолеј.
„Сè што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус, тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема на пазарот“, изјавил за Форбс Александар Камисин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи M-TAC.
ИЗвор: Индекс.хр
Фото: Принтскрин