Заклучи дека приватните превозници одлучно остануваат на протест, ако е потребно ќе ги повикаат и своите деца со цел да допрат до градоначалничката и таа да види дека немаат да им обезбедат соодветен оброк за на училиште
– Не може граѓаните да се лутат и да бидат револтирани, бидејќи се загрозени основните човекови права и тоа од една личност која поради суета сака да се докаже пред граѓаните дека таа станала владетел на одредено царство, додаде Јовановски.
Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон приватните превозници тие од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.