Момче(18) од Кочани е приведено под сомнение дека тој вчера го украл возилото на Итната помош, кое го снема од дворот на болницата, информира МВР.
-По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани, велат од МВР и додаваат:.
-По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. Исто така, по преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.
Кражбата на возило на итната помоиш вчера ја шокираше јавноста. Директорот на кочанската болница вчера рече:
–Веднаш откако вработените забележале дека возилото го нема, пријавиле во Полициската станица во Кочани, по што полициски службеници направиле увид и очекуваме да го откријат сторителот или сторителите. Се работи за постаро возило oд марката тојота, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, рече вчера Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани за ММС.
Украдено и оштетено амбулантно возило во Кочани – јапонска донација