„Нема ништо поубаво кога децата се среќни и насмеани“ - Панчо и Андреј вечерва ќе направат спектакл, ќе уживаат и возрасни и деца
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/3/22 10:42 AM

„Нема ништо поубаво кога децата се среќни и насмеани“ – Панчо и Андреј вечерва ќе направат спектакл, ќе уживаат и возрасни и деца

Вечерва во арената „Борис Трајковски“ се очекува спектакл,  Панчо и Андреј од ДНК со голем концерт ќе прослават 20 години од нивната музика.

Од година во година тие постојано изненадуваа со нивните песни, секоја нова е се поголем хит, кој го пеат и стари и млади. Затоа Панчо и Андреј на овој убав момент, за кој велат дека сакаат „да ѝ се оддолжат на публиката за долгогодишната поддршка’“, не ги заборавија возрасните, а уште помалку најмалите.

На последната прес конференција рекоа дека добредојдени се сите, со семејствата, па во ова кризно време за да не го оптоварат семејниот буџет порачаа:

„За дечињата до девет години концертот е бесплатен, сите родители кои сакаат да ги донесат децата да понесат документ за идентификација и забавата може да почне“.

Нема ништо поубаво за еден родител, кога детето е среќно и насмеано, тоа многу добро го знаат и Панчо и Андреј, бидејќи и тие се родители. Панчо е татко на синовите Адреја (11.5) и Марјан (7.5), додека Андреј ја има ќерката Јана (7).

Вечер на концертот ќе уживаат и нивните наследници со своите другарчиња.

-Јана е возбудена повеќе од мене и секој ден ме прашува кога ќе биде концертот заедно со неколку нејзини другарки и нивните родители. Дефинитивно ќе бидат дел од овој за мене и Панчо посебно значаен ден, вели Андреј.

„Секако дека ќе бидат, веќе се големи и ќе дојдат заедно со другарчињата од нивниот клас и ќе ни бидат морална поддршка“, вели Панчо.

И двајцата се сложуваат дека татковството е многу значаен дел од нивниот живот и не само што ги направило горди, туку и поодговорни.

-Не ме смени само ме смири, истиот Андреј сум, само сега сум посветен на домот и моето семејство и уживам во тоа.  Да се биде родител е една од најбитните улоги во животот! Една од најтешките улоги во реалниот живот е да го заштити ш и изнесеш на прав пат своето дете, посебно во ова време и средина. Како одговорен и морален сопруг и родител веќе не правам многу работи што сум ги правел, а тоа не е така само поради тоа што ги почитувам моралните и патријахални вредности, туку така се чувствувам. Исполнет сум и среќен со тоа што го имам – сопругата, ќерка ми, вистинските пријатели и музиката, додава Андреј.

„Воопшто, од секогаш сум бил одговорен, така да во тој поглед е се исто, можеби само добив одговор на тоа што значи безусловна љубов. Не би се сложил со тоа, факт многу е важана но не е најважна, би кажал дека родител е најодговорна улога. Не сум имал такви двоумици, но ако треба нешто да направам што претходно моето его велело дека не треба, а е во прилог за моето дете, секако дека ќе го направам“, додава Панчо.

Да се биде успешен во музиката значи да се отсуствува од дома, настапите и концертите бараат поголема посветеност, па оттаму и многу е тешко да се направи баланс, односно како подеднакво да си присутен дома и на сцена, да не трпи кариерата, но и семејството.

Во ова не отстапуваат ни тие, бидејќи максимално се трудат да бидат подеднакво присутни и во двата важни сегменти од функционирањето на музичарите.

-Го користам секој слободен момент да ја подигнам, однесам, нахранам, избањам, разиграм и заспијам Јана и се друго дополнително што оди со тоа, со цела моја љубов и уживам во татковството. Ние сме БФФ најдобри другари. Гордост е да се биде татко на ќерка. Незнам зошто, но воопшто не се доживувам и не се гледам онака како што јас сум го гледал татко ми како татко и јас негов син. Се што знам е дека имам несшо малечко, кое е голем дел од мене и ќе направам се да го заштитам и да е под мое закрило без разлика што е ќерка, затоа што исто ќе се чувстввував и ќе бев настроен и да имав син. Се знам себе си, ни рече Адреј.

„Сум бил присутен онолку колку што ми дозволувале.  Две убавини не може.  Да се биде татко на синови е супер, можеби е најубаво да се има и син и ќерка ама никогаш не е доцна, нели“, ни рече Панчо.

Децата не само што знаат да  го направат среќен родителот, туку и да го изненадат. Многу пати досега сме ја слушнале реченицата „треба да учиме од децата“. Во тоа се сложуваат и Панчо и Андреј.

-Научив и се уште учам многу од Јана. Нејзината детска невиност и искреност ме научија да реагирам различно кон целиот свет, исто како што реагирам со неа…Станав повнимателен, посмирен, потрпелив, вели Андреј.

„Јас сум во принцип едно големо дете, само сум поодговорен. Секојдневно учиме еден од други, а тие ми кажуваат колку е убаво и искрено детството, па сум им благодарен што ме потсетуваат на тоа“, вели Панчо.

Велат децата одат по стапките на родителите, па затоа и ги прашавме тато Андреј и тато Панчо, колку нивните деца покажуваат афинитет кон музиката.

-Јана има афинитети кон музика и искрено се надевам деке еден ден ќе стане врвна пијанистка, виолинистка, вокалистка или можеби балерина. Но, тоа се мои желби и нема да и се мешам во нејзиниот избор, дециден е Андреј.

 

„И двајцата се музикални, а Маки покажува поголем интерес. Слушаат добра музика на мое огромно задоволство, но никогаш јас не сум им налагал и наредувал ниту за музика ниту за диџејство. Не верувам дека некој ќе ме наследи, но никогаш не вели никогаш, нели, вели Панчо.

Во ова време-невреме во кое живееме и двајцата се сложуваат дека треба да постои поголема заштита на децата, сите да бидеме одговорни за да нема злоставување и малтретирање. Оттаму и нивните пораки за сите оние кои ќе кренат рака на дете:

-Човековата глупост и нечовечност е нешто што и после години и години еволуција е на далку позаостанато ниво од тоа на кое треба да е, а малтретирањето на дете е врвот на тоа најниско ниво! Постојат методи кои и без малтретирање и тепање на детето ке придонесат тоа да тргне на прав пат. Затоа мојата порака, нема да допре до идиотите кои тепаат деца, вели Андреј.

„За таквите треба доживотен затвор или јавен линч на плоштад“, вели Панчо.

Ете затоа како и возрасните, така и децата вечерва ќе ужуваат на роденденскиот концерт на Панчо и Андреј. Секој си има своја песна од нивниот богат репертоар, а децата им ги сакаат сите песни. Тоа многу пат го докажале, бидејќи се најискрената публика.

(В.М.)

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7