Што под абајата носи Моза бинт Насер? Дама со стил, блеска од гламур и богатство
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/1/22 7:00 PM

Што под абајата носи Моза бинт Насер? Дама со стил, блеска од гламур и богатство

Моза бинт Насер, сопругата на катарскиот шеик,  е ненадмината стилска икона, а тоа го покажа уште еднаш за време на Светското првенство во фудбал кое се одржува токму на нејзин терен.

За прв пат во историјата, врската меѓу фудбалот и модата стана толку силна, па сега и мажите и жените внимателно следат што се случува на и надвор од фудбалските терени.

Се зборува дека Моза бинт Насер нема стилист, секое парче од облеката и накитот го избира сама, што секогаш се поврзува со нејзината земја.

Катар е земјата која најмногу ја инспирира Моза кога е во прашање изборот на облека и накит. Затоа овие денови секоја жена сака да носи кафтан или абаја како на Моза, но и уникатен накит кој секоја модна комбинација ја претвора во чист луксуз.
Секогаш кога ќе ја видиме Моза на трибините на фудбалските стадиони, мислиме дека токму оваа модна комбинација е најдобрата досега, но потоа секој следен пат сфаќаме дека таа повторно се надминала себеси.


Така беше и овој пат кога на мечот Катар-Холандија се појави облечена во виолетова абаја под која носеше розова и беж облека. Валентино ВСЛИНГ чантата не можеше да остане незабележана во рацете на Моза бинт Насер. Станува збор за розовиот модел, најреткиот примерок кој не може да се најде во оваа боја на официјалната веб-страница на овој моден бренд. Цената на оваа чанта се движи од 1200 евра до 4500 евра.
Кодексот на облекување во Катар налага жените да носат абаја – долга наметка која го покрива целото тело, но ситуацијата не е толку ригорозна како во Саудиска Арабија.

Моза бинт Насер не ја следи традицијата слепо, но е крајно лојална на неа. Нејзината коса е секогаш покриена со шал, додека над дизајнерската облека често носи абаја во разни бои кои само и ласкаат на нејзиниот неверојатен моден стил.
А под абајата, Моза бин Насер носи Диор, Валентино, Прада и сите најексклузивни работи кои зрачат со богатство.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7