Старлетата му го испразни џебот на раперот - Кардашијан секој месец ќе добива 200.000 долари алиментација од Канје
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/22 1:10 PM

Старлетата му го испразни џебот на раперот – Кардашијан секој месец ќе добива 200.000 долари алиментација од Канје

Како што пренесуваат странските медиуми, Ким Кардашијан и Канје Вест конечно го финализирале разводот, а конечна е одлука за висината на алиментацијата што раперот ќе ја плаќа секој месец.

Поранешниот пар е во процес на борба за поделба на имотот од февруари 2021 година, а целиот процес конечно е завршен. Ким и Канје имаат заедничко старателство со еднаков пристап до нивните четири деца, додека раперот секој месец ќе плаќа издршка.
Наводно, Канје на поранешната сопруга Ким ќе и плаќа по 200.000 долари месечно за издршка. Условите на договорот вклучуваат префрлање на 200.000 долари на сметката на старлетата на први секој месец.

Покрај редовната алиментација, Канје ќе одговара и за трошоците за образование, односно ќе плати половина од трошоците, јавува Радар онлајн.
Како што наведува овој портал, поранешните сопружници се договориле доколку има некакви проблеми или спорови во врска со нивните деца, да одат на медијација (процес на помирување преку посредник). Во случај еден од нив да не се појави, на другиот родител му се дозволува самостојно да ја донесе одлуката.
Се чини дека и разводот на старлетата донесе корист, додека раперот наводно се откажал од имот од 4,5 милиони долари во непосредна близина на Ким и се ќе пренесе на нејзино име. Таа ќе одговара за сите трошоци поврзани со огромната куќа. Пред венчавката двајцата потпишале предбрачен договор, чии детали не се познати.

Ким поднесе барање за развод пред две години, додека Канје одолговлекуваше. Меѓутоа, како што неговите финансии почнаа да цветаат, па и тој бил подготвен да го заврши целиот процес.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7