„Шокираш ме, мајке ми!“ - Отворен „Екс-ју рок-центар“ во БиХ
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/22 9:20 AM

„Шокираш ме, мајке ми!“ – Отворен „Екс-ју рок-центар“ во БиХ

Со почетокот на изложбата „Ме шокираш, жими мајка!“, сношти свечено беше отворен „Екс-ју рок-центарот“ во Домот на млади „Скендерија“ во Сараево, БиХ.

Во музејот се изложени речиси 200 оригинални артефакти, а сувенирите, фотографии, аудио и видеоекспонати ќе ги оживеат спомените за минатото кај посетителите од Сараево и пошироко, објави „Кликс“. „Екс-ју рок-центарот“ има за цел да ја претстави историјата, но и иднината на рок-музиката на овие простори.

Првата фаза се состои од две изложби. Првата го опфаќа златното доба на сараевската сцена – вклучувајќи ги и корените на рокот, попот и шарената демо-сцена. Втората изложба, по повод 40-годишнината од албумите „Одбрана“ и „Последњи дани“ на групата „Идоли“, ќе биде отворена во декември.

Влезниците чинат 10 конвертибилни марки (313 македонски денари) за возрасни, и 5 км (156 денари) за студенти. Влезот е бесплатен за деца до седум години (со придружба на родител или старател).

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7